Европа во рамките на контекстот на Конвенцијата на Обединетите Нации за борба против (UNCCD)
Сушата е вообичаен дел од климата во скоро сите региони од светот. Југо-источна Европа не е исклучок; во минатите декади шетите како резултат на сушата имале големо влијание на економијата и благосостојбата. Поради тоа, потребата да се основа Центар за суша за југо-источна Европа за да се ублажат проблемите предизвикани од сушата во областа, станала видлива на крајот на минатиот век. Понатаму идеата била елаборирана од Меѓународната комисија за наводнување и дренажа (ICID) и Конвенцијата на ОН за борба против опустинување (UNCCD). Националните фокусни точки и национални постојани претставници на (UNCCD) со Светската метеоролошка организација се договорија за суштинските задачи на центарот за менаџмент со суши за југо-источна Европа (DMCSEE) и за предложениот проектен документ.
Мисијата на предложениот DMCSEE е да се координира и олесни развојот, проценката и примена на алатките и политиките на сушниот менаџмент на ризик во југо-источна Европа со цел да се подобри спремноста за суша и намалување на влијанијата од суша. Оттука, DMCSEE ќе ја фокусира својата работа на следење и проценување на ризиците и ранливоста поврзана со сушата.
Предлог проект