Договорените основни задачи на (DMCSEE) се групирани во проектни цели. 8 проектни цели се накратко прикажани подолу:
1. Да се проценат достапните податоци за ефективно следење на сушата и системот за навремено предупредување. Постои ограничено знаење сегашниот институционален капацитет на земјите членки на DMCSEE во областите на следење на сушата и навременото предупредување, проценување на ризикот, олеснување и подготвеност. Како прв чекор, DMCSEE ќе спровед проценка на институционалниот капацитет, вклучувајќи достапни Мета податоци. Понатамошните задачи се обезбедување хомогеност на податоците и контрола на квалитетот создадавање соодветна база на податоци.
2. Да се проценат и изберат најефективните и доверливи показатели за проценување на сушата. Заедничка методологија за проценка на сушата ќе биде прифатена врз база на досегашните искуства и во зависност од достапноста на податоците. Дел од оваа цел е проценка на настаните на суша во историјата и нивното влијание, особено социјално и економски
3. Да се спроведе проценка на ризикот од суша. Идентификација на чинителите/ корисниците и нивните потреби е важен прв чекор на оваа цел. Проценката на ризикот од суша ќе биде спроведувана во регионот користејќи воспоставена методологија. Цел на оваа мерка е да се идентификуваат основните економски влијанија, влијанија на средината и социјални влијанија кој се поврзани со сушата. Следен чекор е да се анализират овие резултати, да се изберат најважните влијанија кои ќе бидат ублажени и идентификување на соодветни мерки за ублажување. Анализирањето на чуствителноста на суша ќе биде спроведена во регионот. Ризикот од суша и мапите за чуствителноста на суша се едни од најважните почетни задачи на DMCSEE. Познавајќи ја чувствителноста и ризикот DMCSEE ќе биде способен да советува за подобрено управување со сушата и политиката.
4. Да се идентификуваат специфичните потреби за обука. Особено е важно како прв чекор во овој процес да се одреди научниот, оперативниот и институционалниот капацитет кој постои на национално и под-регионално ниво. DMCSEE ќе настојува да ги собира ваквите информации од интеракции со национални метеоролошки и хидролошки услуги и многу други организации во рамките на регионот и ќе обезбеди лидерство за идентификување на специјализирани семинари, работилници и конференции за изградба на институционален капацитет во земјите членки на пристап базиран на ризик за управување со суша. Научната размена на искуства ќе биде составен дел од развојот на DMCSEE.
5. Развивање и спроведување систем за пренос на податоци и информации за управување со суша. Основна улога за DMCSEE е развојот на систем за пренос на податоци и информации до крајните корисници и чинители. Најважната задача е да се развие web страна која им обезбедува на крајните корисници пристап до сите производи на DMCSEE и производите кои се расположливи од други земји членки, како и врски со основните web страни за суша кои постојат на регионални и меѓународни нивоа. Web страната ќе содржи информации за мисијата и програмските активности на DMCSEE, вклучувајќи и можности за обука, состаноци и истражувачки активности. Други канали за распространување исто така ќе бидат ангажирани за обезбедување информации до крајните корисници во југо-источна Европа. Ова би вклучило печатени и електронски медиуми како што се весници, телевизија и радио.
6. Развивање севкупна мрежа на експерти и институции да му помагаат на DMCSEE. Да се основа блиска соработка на полето на управување со сушата. Да се развијат Меморандуми за разбирање со широк опсег на експерти и институции во Европа за промовирање и зацврстување на меѓународниот развој на DMCSEE во надгледувањето и предвидувањето, олеснувањето и подготвеноста. Тие ќе вклучат национални и меѓународни технички организации на полето на метеорологијата и надгледувањето на животната средина и националните метеоролошки и хидролошки услуги.
7. Обезбедување комуникација и повратна информација од корисникот. DMCSEE ќе развие достапна стартегија за комуникација со крајните корисници на начин кој е разбирлив и не е премногу технички. Специјални надворешни способности ќе бидат потребни за подготовка на документот и забелешки кои не користат не-технички речник, со јасни водилки и едноставна препорака. Проблемот со јазикот исто треба да се земе предвид.
8. Основање постојан DMCSEE и обезбедување непрекинато функционирање и операции. Објаснувањето на идниот правен статус на DMCSEE, неговите внатрешни правила и процедури и аспекти на меѓународна надлежност, одговорност и проценка ќе бидат изведени со помош на специјализирано консултантство. Базирано на резултатите од првата година на проектот, прегледот на можностите за придонес (технички, во натура, финансиски, експертски и човечки ресурси) од секоја земја членка ќе биде воден од земјата домаќин низ консултации. Ќе биде предложен образец за да може програма за годишното работење на DMCSEE да биде користена по завршувањето на проектот.